Team Building ТРКИ 5К / 10К


НЕДЕЛА, 2. ЈУНИ 2019 – 09:10 / 9:00

Тим билдинг трките се дел од трките на 5 и 10 километри. Самото име на трките кажува што е главна цел на овие трки. Ние сме убедени дека на ваков начин преку спортување и дружење се придонесува кон зајакнување на човековите капацитетите на многу компании и институции. Праќањето на пораки до јавноста, издигнувањето на целите и афирмацијата на здруженија, поединци, организации, кои немаат политичка, расна и национална конотација се исто така важен сегмент од нашата желба која сакаме да ја постигнеме.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
    5 К _______________________________________________________________________________

  • Маица со логото на трката
  • Стартен број со чип (за извршените регистрации до 20-ти Мај 2019 година на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Персонални фотографии и видеа овозможени од Pic2Go
  • Инфо магазин
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од партнерите на трката
  • Попусти од пaртнери

10 К _______________________________________________________________________________

  • Dry-fit маица со логото на трката
  • Ранец
  • Стартен број со чип (за извршена регистрација до 20 мај 2019 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Персонални фотографии и видеа овозможени од Pic2Go
  • Инфо магазин
  • Разгледување на стариот дел од градот со професионален туристички водич
  • Медал на крај од трката
  • Паста ваучер за ноќна трка на 31-ви Мај
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од пaртнерите на трката
  • Попуст од пaртнери
  • Бесплатни влезници за Света Софија, локалитетот Плаошник, Самоиловата тврдина и Музејот на вода “Заливот на коските”.

до 31 јануари 2019 до 31 март 2019 до 26 мај 2019
400 / 700 денари 500 / 800 денари 600 / 900 денари

Напомена: Регистрацијата се затвара на 26.05.2019 година во 23:59:59. За регистрација после затварањето котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 1500 денари за 10км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.
Котизацијата е за еден учесник во тимот.


Првите 3 места на Тим Билдинг трката на 5км и на 10км ( мажи и жени ) ќе бидат наградени со медаљи, дипломи, букет цвеќе, награди од спонзори и пехар.

На првопласираните екипи во машка и женска конкуранција организаторот ќе им додели накит или алки за на рака од брендот Paul Hewitt, партнер на Охрид трчаТ 2019.

При пополнување на онлајн пријавата за секој учесник во полето “Клуб/Team Building“ напишете го името на вашата екипа или одберете од веќе понудените екипи (проверете можеби некој од вашиот тим веќе го додал името на тимот).

ВАЖНО! Името на екипата мора да биде напишано на латиница (заради системот за обработка на податоци) и мора да биде истото за секој член бидејќи системот нема да може да препознае дека сте од иста екипа. На пример, ако вашето име на екипата е Ohrid trcaT тогаш треба за сите членови од екипата при пријавување да го одберете името Ohrid trcaT.

Ако сакате вашата екипа да се најде на ранг листата во трката на 5 км, тогаш вашиот тим треба да брои најмалку 4 натпреварувачи-ки. Максималниот број на натпреварувачи-ки во екипата не е ограничен, пример ако сте пријавиле 8 натпреварувачи-ки во рангирањето за твојата екипа ќе се земат времињата само на најдобрите 4 натпреварувачи-ки.

Рангирањето на трката ќе се изврши во две категории (мажи/жени).
Еден натпреварувач-ка не смее да биде пријавен-а за две екипи, доколку тоа се случи тој натпреварувач ќе биде дисквалификуван од рангирањето на екипата.

Право на учество во Team Bulding трката имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– сите возрасти

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Напомена:Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (26 мај 2019) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета. Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВA 10KПРИЈАВA 5KПАТЕКА


РЕЗУЛТАТИ 2018



  • 1. DELTA 1:28:05
  • 2. SEAVUS1:50:18
  • 3. INSTINCT1:51:54
  • 4. CUBA LIBRE OHRID1:53:28
  • 5. KARMEN BAUCENTAR 1:53:39

  • 1. LICA SO RETKI BOLESTI2:06:25
  • 2. SLICE2:12:51
  • 3. SAM ZA SEBE2:25:35
  • 4. KOSTAL2:28:47
  • 5. NETCETERA2:35:47

ЦЕЛА ЛИСТА