Uncategorized

NightRun.jpg

May 28, 2019

Викендов кој доаѓа е резервиран за Атлетската манифестација Охрид трчаТ, која годинава со нов концепт и поголема понуда по трет пат ќе се одржи низ улиците на градот Охрид. Организаторите подготвуваат спектакл кој ги помести границите во спортот, а пријавените учесници со нетрпение го очекуваат викендот за кој долго ќе се зборува.

На 31 мај во петок на Ноќната трка за забавата ќе бидат задолжени Ди-џеј Ванчо Јованоски, популарната група Броз и Никола Тони Перкашн. Учеството на Ноќна трка е бесплатно, а се што треба да понесете со себе е позитивна енергија. Стартот на Ноќната трка е во 21 часот во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот Македонија пред Домот на култура Григор Прличев.

За време на експото кога учесниците ги подигнуваат стартните пакети загреваат за главниот настан за добра забава и позитивна енергија се задолжени Ди-џеј Јана Слеј и Ди-џеј Дарк_М. Во склоп на експото партнерите на Охрид трчаТ ќе имаат можност да ги рекламираат своите производи, а со добра музика атмосферата ќе биде уште подобра.

Во недела на 2 јуни на музичкиот подиум ќе биде Ди-џеј Реџи Рулс, а за забавата после главниот настан ќе се погрижи групата Балтер. Учесниците ќе го разиграат Охрид со трчање, а после ќе го направат среќен град со забавата на која се поканети сите.

Атлетскиот викенд Охрид трчаТ годинава ќе го надмине очекуваниот број на пријавени учесници и ќе ја продолжи тендицијата на растење на настанот кој полека прераснува заштитен знак на градот во нашата земја и надвор од неа.


GO2.jpg

November 2, 2018

Преставници од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ која е организиратор на Атлетската манифестација Охрид трчаТ имаа работна посета во Скопје, со поддржувачите на најголемиот спортски настан, кој годинава се одржа во Охрид.

/>

Охрид трчаТ со посебни признанија им се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт, Тотал ТВ, Атлетската федерација на Македонија и спортскиот медиум „Екипа.мк“ за поддршката и соработката. Асоцијацијата на работната средба им го престави завршниот извештај од второто издание од Охрид трчаТ во печатена форма и плановите за следното трето кое ќе се одржи на 2 јуни следната година.

Второто издание на Охрид трчаТ ги импресионираше сите, вкупно имаше 1 100 учесници и викендот беше вистински спортски празник во Охрид.