Blog

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
nokna-agol.jpg

April 28, 2018

Ноќната трка и забавата потоа со исклучиво охридски артисти на сцената збогатена со огномет и дадоа дополнителен шмек на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. На ноќната трка и забавата учествуваат луѓе од сите сфери и возрасти, а светлечките детаљи после гасење на светлата на Кејот приредија глетка за уживање.

Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат утре (среда) со Училишна трка која ќе започне во 11 часот на Кеј „Македонија“ пред хотел „Милениум“. Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2 јуни се поддржани и финансирани од ЕУ, а се организираат во партнерство со Сојузот на училишен спорт.

OhridNews


118770747_1546137732236067_1943611521002366626_o.jpg

September 4, 2020

Кога во многу специфична ситуација со триста протоколи и мерки на самиот настан и ЕКСПО со сто протоколи и мерки имате резултат кој ви говори дека ниту еден, внимавајте ниту еден учесник, не отстапи од почитувањето и придржувањето на насоките и протоколите, нема што посебно да се кажиТ туку едно единствено БРАВО и големо БЛАГОДАРАМ!


3-1.jpg

September 3, 2020

„Пази корона!“, „Вода дан требиТ?“, „Ти ја имаш силата да истрчаш!“, „Збрзни плата имаТ“, „Струга спијаТ, Охрид трчаТ“ беа само дел одпораки од Културолошката иницијатива 5 до 12 за учесниците на Атлетската манифестација на „Охрид трчаТ“. Специјалните пораки беа вистинско освежување на самата трка и дополнителна мотивација за учесниците кои трчаа на полумаратонот (21 километар) или на рекреативната трка од 5 километри.

Сакавме да бидеме иновативни и да го задржиме охридскиот стил, а да ја подигнеме атмосферата и да бидеме мотивација за тркачите. Вметнавме и некои интернационални пораки кои се поврзани со спортот и мислам дека успеавме во намерата. Од вкупно 40 специјални пораки одбравме 15 кои беа распоредени по целата траса на трката. Другите 25 и уште некои идеи ќе ги оставиме за следната година. – изјави тим лидерот од Култоролошката иницијатива 5 до 12, Јован Цветкоски.

Волонтерите се неизбежен сегмент на секој спортски или било каков успешен настан во светот. Со одговорни и одлични волонтери може да се пофали и Охрид трчаТ.

Во период на криза, како моменталнава многу е тешко да се најдат момци и девојки кои ќе одговорат на предизвикот како што е волонтерството, посебно за манифестација која е заштитен знак на нашиот Охрид, Охрид ТрчаТ. Девојките и момците, ученици во охридската Гимназија , економското училиште но и повозрасни, морам од таа група да го споменам Филип Неделкоски, се нафатија и успешно се справија со волонтерскиот предизвик на Охрид трчаТ. Распоредени беа на продажниот штанд на Охрид трчаТ и долж целата патека и одлични си ги извршија своите задачи. Горд сум што водев ваква група и продолжуваме со работа за брзо подготвувајќи се за следниот Охрид ТрчаТ. Големо браво за сите! – рече Стефан Каневче.

a1
a7
a4

 

Црвениот Крст од Охрид и оваа година беше на ниво од задачата грижејќи се за терминалниот скрининг и здравјето на тркачите. Со вкупно 28 лица беше покриена целата патека.

Согласно моменталната ситуација, наоѓајќи се во време на пандемија од коронавирусот, екипите дополнително се погрижија за спроведување на протоколите и препораките за справување со самиот вирус. При самиот старт на сите натпреварувачи им беше измерена телесна температура и дезинфекција на раце. Во зоната за старт сите натпреварувачи носеа заштитни маски, а секако и по пристигнување на целта. – истакна координаторот за прва помош Георги Ставрески.

„Охрид трчаТ“ со посебен банер на социјалните мрежи упати благодарност до волонтерите кои се срце и душа на секој успешен настан.

Преземено од www.ohridnews.com.


f5-4.jpg

September 1, 2020

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ феноменално одговори на предизвкот и на најдобар можен начин ја организираше првата улична трка во Македонија во време на пандемија на коронавирусот. Четвртото издание на Охрид трчаТ во архивите ќе остане како прво на кое се организирал полумаратон на 21 километар и на кој учествувале најдобрите маратонци од Македонија.

Магија и посебен шмек на Охрид трчаТ му даваат учесниците на рекреативната трка на 5 километри и разно разните пораки од тркачите. И годинава се трчаше за поддршка на лицата со ретки болести, имаше порака за поголема грижа и заштита на бездомните животно, имаше многу фамилијарни тим билдинг екипи кои испратија силна порака како и каде треба да се насочат децата.

Галерија:

f6
f26
f27
f28
f30
f25
f1
f3
f2-3
f4-1
f5-4
f7-rotated-e1598859513973
f8-1-rotated-e1598859500871
f9-rotated-e1598859489797
f10-4-rotated-e1598859477143
f11
f12-1-rotated-e1598859465442
f13-2
f21-2
f22-rotated-e1598859450506
f23
f24

 

На пиедесталот на 21 километарската трка највисоко се искачија Дарио Ивановски и Биљана Кираџиева. На 5 километарска трка кај машките победи Димитар Петровски, а кај дамите охриѓанката Бојана Наумоска.

Фото: А. Момироска

Преземено од www.ohridnews.com.


5.jpg

September 1, 2020

Ограничениот број на учесници на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ поради мерките и протоколите од Комисијата за заразни болести во време на пандемија од вирусот ковид -19 не дозволи масовност и голем број на учесници, но тие кои се пријавија и веруваа во организаторите имаа многу причини за уживање.

Едни кои буквално уживаа во благодетите од Охрид, Охридското езеро и природната убавини беа специјалните гости од Мостар, Босна и Херцеговина и од Тирана, Албанија кои беа дел од WBF проектот. Делегациите пристигнаа на 27 август (четврток) и веднаш активно се приклучија во организацијата и исполнување на активностите од проектот. Слободното време гостите имаа уникатна можност да го искористат за прошетка со специјален водич (Ива Николоска) низ стариот дел од градот и да ги посетат сите знаменитости, посета на Св. Наум и заливот на коските во Градшите и безвременско уживање на и со бродот „Армада“.

Галерија:

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

На денот на трката и главниот настан, дел од делегациите учествуваа со трчање а другиот дел беа на освежителни станици и беа задолжени за освежување на тркачите. Гостите од Тирана и Мостар со позитивни импресии заминаа од Охрид и настанот „Охрид трчаТ“, кој уште еднаш ги помести границите и ги отвори вратите во соседните држави.

Луѓе, ова што го видов и доживеав во Охрид е стварно за паметење и прераскажување. Секоја чест за организаторите и за сите кои имаат дел во организација на „Охрид трчаТ“, изјави претставникот од Мостар, Иван Скарамуца.

Делегацијата од Албанија беше побогата и со медал од рекреативната трка на 5 километри. Ејона Куфе заврши на третата позиција и се закити со бронзен медал.

Одлична трка и искуство. Се подготвував, но не очекував медал и ваков успех во Охрид. Дадов се од себе и мило ми е што прекрасниот викенд го крунисав со медал, – рече Куфе.

„Охрид трчаТ“ е еден од четирите проекти поддржани од Фондот на Западен Балкан (Western Balkan Fund) во Македонија. Спортскиот настан број еден во Охрид ги оправда очекувањата, а пофални зборови имаше програмскиот и финансискиот менаџер Марио Рингов.

Вакви спортски настани ни се повеќе од потребни во Охрид и во нашата земја. Неодамна реков дека Охрид трчат не привлече со натпреварувачкиот карактер и едукативниот аспект, а сега тоа го осетив и на своја кожа, – истакна Рингов.

Свој удел во успешната реалазација на проектот поддржан од WBF имаше охридскиот тим кој несибично и многу професионално ја одработи задачата. Волонтерите беа десна рака на гостите кои сигурно имаа неверојатен викенд во Охрид.

Михаил Постоловски
Фото: Нина Ангелоска

Преземено од www.ohridnews.com.


v4.jpg

September 1, 2020

Дарио Ивановски во машка конкуренција и Биљана Кираџиева во женска конкуренција се победници на првиот полумаратон (21 километар) кој се одржа во склоп на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“.

Ивановски и Кираџиева со победите на полумаратонот кој се одвиваше низ градските улици во Охрид и кејот Македонија обезбедија место во историјата. Ивановски делницата од 21 километар ја помина за 1 час, 16 минути и 23 секунди, додека Кираџиева низ целта помина за 1 час, 26 минути и 43 секунди).

Второто место кај машките му припадна на Атанас Анчевски, а трет финишираше Милош Ранчиќ. Кај дамите Милјана Ристиќ заврши второпласирана, а третопласирана Андријан Поп Арсова.

Во рекреативната 5 километарска трка кај машките триумфираше Димитар Петровски, а кај дамите Бојана Наумовска. Дополнително ќе бидат објавени победниците на тим билдинг трките.

 

 

 

 

 

 

 

Резултати:

21 километар

Машки:

1.Дарио Ивановски (1.16.23)

2.Атанас Анчевски (1.16.35)

3.Милош Ранчиќ (1.17.10)

Женски:

1. Биљана Кираџиева (1.26.43)

2.Милјана Ристиќ (1.26.47)

3.Андријана Поп Арсова (1.29.18)

5 километри

Машки

1.Димитар Петровски (18:54)

2.Григоријан Никовски (19.37)

3.Кристијан Стојани (19.38)

Женски

1.Бојана Наумовска (23.29)

2.Елена Даниловск (23.34)

3.Ејоне Куфе (24.37)

Преземено од www.ohridnews.com


118339200_1538114233038417_7625953527485527492_o-1280x1814.png

August 27, 2020
Инфо за сите граѓани, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, поврзано со времениот сообраќаен режим за 30 август кога се одржува спортската манифестација Охрид трчаТ.
Благодариме на сите за разбирањето и Ве молиме да ги почитувате насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и сигнализацијата.

Охрид е Охрид трчаТ и Охрид трчаТ е Охрид, со таа визија Ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид.


118309245_1537428289773678_6550315870291713646_o.png

August 27, 2020
Partners, as well as life partners, are the key factor for success and life growth. We are pleased to promote our partners and also we are expressing our gratitude for the support and mutual cooperation in building the Ohrid Running Weekend brand.


zbogar.png

August 27, 2020

Опуштено интервју со нашиот евроамбасадор г-дин Самуел Жбогар кое говори за многу едноставни работи а толку битни за нас и нашето секојдневие и иднина. Одвоите 20 минути и погледајте го и верувајте ќе слушнете многу убави пораки кои значат поддршка и силна желба за нашата поубава иднина и просперитет.

За нас, за Охрид трчаТ ова видео интервју претставува голем мотив за да продолжиме со исто темпо по патот на подобрата и поубавата иднина на Охрид трчаТ и Охрид. Заедно Ohrid running weekend 2020, ohridnews.com, MEGA Production и Boat Armada Ohrid во креативен и охридски стил, како и доликува, реализираа видео интервју кое како што кажа и амбасадорот е најдоброто интервју кое го имал.

Благодариме на сите наши партнери, благодариме на Delegation of the European Union, Skopje и пред се благодариме на г-дин Самуел Жбогар за едноставноста во комуникацијата за позитивните разговори и за целата поддршка, пред се како човек, која ја имаше ја има и ќе ја има во остварувањето на нашата заедничка цел, Европски Спортски Охрид.

118241568_1532046970311810_3122774508609482068_o.jpg

August 27, 2020
За сите кои се двоумат за да се пријават на првиот полумаратон на Охрид трчаТ, еве дополнителен мотив за да ја убрзаат одлуката. Утре на 20 август во 23:59 часот истекува ексклузивната можност за да си го имате Вашето име и презиме на стартниот број.

 

 

Challenge your self for the first Ohrid running weekend Half Marathon