ТРКА 10K


НЕДЕЛА, 2. ЈУНИ 2019 – 09:00

Трката на 10 километри е тркачкиот професионален дел од целиот настан Охрид трчаТ. Таа пред се е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари кои сериозно влегуваат во борба со времето и спортските конкуренти за подобро место на трката. Се трча два круга низ улиците на Охрид како што е опишано на мапата.


  • Стартен Пакет
  • Котизација
  • Награден фонд
  • Правила
  • Dry-fit маица со логото на трката
  • Ранец
  • Стартен број со чип (за извршена регистрација до 20 мај 2019 на стартниот број ќе биде испечатено и вашето име од пријавата)
  • Персонални фотографии и видеа овозможени од Pic2Go
  • Инфо магазин
  • Разгледување на стариот дел од градот со професионален туристички водич
  • Медал на крај од трката
  • Паста ваучер за ноќна трка на 31-ви Мај
  • Освежување и овошје
  • Онлајн диплома
  • Подарок од пaртнерите на трката
  • Попуст од пaртнери
  • Бесплатни влезници за Света Софија, локалитетот Плаошник, Самоиловата тврдина и Музејот на вода “Заливот на коските”.

до 31 јануари 2019 до 31 март 2019 до 26 мај 2019
700 денари 800 денари 900 денари

Напомена: Првите пет атлетичари/ки на ранг листата на 10 километри за 2017 година при Атлетската федерација на Македонија се ослободени од плаќање на котизацијата за учество.

Регистрацијата се затвара на 26.05.2019 година во 23:59:59. За регистрација после затварањето котизацијата изнесува 1000 денари за 5км и 1500 денари за 10км и во овој случај пријавениот добива само стартен број со чип, без маица и дополнителни работи. Ова би се овозможило доколку има останати броеви.


жени / мажи
1 место 350 EUR
2 место 300 EUR
3 место 250 EUR
4 место 200 EUR
5 место 150 EUR
6 место 100 EUR
7 место 50 EUR

Првите 3 места на трката од 10км покрај паричните награди ќе бидат наградени и со филигран брош рачна изработка од дизајнерот на накит Марта Пејоска, медаља, диплома, букет цвеќе и подароци од спонзори.

Напомена: Дополнително за соборување на рекорд на трката ( мажи и жени ) ќе се доделат 100 евра.

На првиот и првата во машка и женска конкуранција организаторот ќе им додели рачни часовници и накит од брендот Paul Hewitt партнер на Охрид трчаТ 2019.

Паричните награди ќе бидат исплатени на трансакциска сметка во рок од 30 дена во денарска противредност.

Право на учество на трката на 10к имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани, од двата пола, под следните услови:
– на денот на трката да се постари од 16 години

Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).

Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.

Напомена: Организаторот не сноси одговорност за губење или недостаток на скапоцени предмети и накит. Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за прево.

Пријавата станува валидна после извршеното плаќање на котизацијата. Пријавувањето може да заврши и пред предвидениот рок (26 мај 2019) доколку бројката на планирани учесници биде пополнета.Организаторот го задржува правото за промена на содржината на стартниот пакет.

Регистрацијата и онлајн уплатата може се реализира преку нашиот сајт. По извршената онлајн уплата, на емаил адресата која е оставена при вашето пријавување, во рок од неколку минути ќе добиете порака за успешна пријава во која ќе биде наведен и вашиот стартен број. За уплати преку уплатница потврда за уплатата ќе добиете за неколку дена (во зависност кога ќе пристигне уплатата на нашата жиро сметка).


ПРИЈАВИ СЕСТАРТНА ЛИСТАПАТЕКА


РЕЗУЛТАТИ 2018



  • 1. Stenley KIPRUTO33:02
  • 2. Milos RANCIC34:32
  • 3. Atanas ANCHEVSKI35:06
  • 4. Kokan AJANOVSKI35:45
  • 5. Mudjahid MISLIMI35:55

  • 1. Adrijana POP ARSOVA41:12
  • 2. Miljana RISTIC42:03
  • 3. Vesna KIRADJIEVA45:04
  • 4. Bojana NAUMOVSKA45:47
  • 5. Marija PELIKON49:42

ЦЕЛА ЛИСТА