Blog

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
nokna-agol.jpg

April 28, 2018

Ноќната трка и забавата потоа со исклучиво охридски артисти на сцената збогатена со огномет и дадоа дополнителен шмек на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. На ноќната трка и забавата учествуваат луѓе од сите сфери и возрасти, а светлечките детаљи после гасење на светлата на Кејот приредија глетка за уживање.

Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат утре (среда) со Училишна трка која ќе започне во 11 часот на Кеј „Македонија“ пред хотел „Милениум“. Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2 јуни се поддржани и финансирани од ЕУ, а се организираат во партнерство со Сојузот на училишен спорт.

OhridNews

Ohrid-trcat-vo-Ljubljana-1.jpg

October 30, 2019

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ беше дел од најпрепознатливите европски маратони во Љубљана, на извонреден начин претставувајќи ја македонската атлетика и сопствениот бренд кој веќе сериозно се промовира и во регионални рамки.

Експедицијата на „Охрид трчаТ“ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.

Круна на успешната презентација и настап на „Охрид трчаТ“ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од „Охрид трчаТ“ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

Амбасадорката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспостатување на авионска линија Охрид – Љубљана и продлабочување на соработката.

За потсетување, „Охрид трчаТ“ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија.

ljubljana-maraton.jpeg

October 25, 2019

Атлетската манифестација „Охрид трчат“, во партнерство со ЕКИПА, ќе биде дел од престижниот маратон во словенечката престолнина Љубљана кој ќе се одржи на 26. и 27. октомври.

„Охрид трчаТ“ и ЕКИПА продолжувајќи ја меѓусебната соработка овој пат, заедно и со атлетската манифестација „Трчај бе“ од Битола, ќе бидат дел и од еден од најголемите атлетски маратони во Европа. Покрај со активната партиципација на натпреварувачи и со комплетно покривање, и на нашиот медиум, на сите случувања од маратонот во Љубљана

На експото на еден од најстарите маратони на Балканот, „Охрид трчаТ“, меѓу другото ќе ги презентира новитети за четврто издание кое ќе биде збогатено полумаратон на 21 километар. Со најавеното учество во Љубљана, екипата на Охрид трчаТ официјално ги стартува подготовките за настанот кој од година во година ги поместува границите во охридскиот и македонскиот спорт.

На маратонот во Љубљана кој прв пат се одржал 1996 година секоја година учесвуваат повеќе од 30.000 вљубеници во атлетиката, а од нив дури 1.500 се дел од најдолгата маратонска трка од 42 километри.

Ohrid-trcat-2020_vertical.png

October 21, 2019

Атлетската манифестација Охрид трчаТ одново ги помести границите во спортот во Охрид и нашата земја задржувајќи го нивото на професионалност и оригиналоност. Третото издание помина одлично а дождот беше декор на илјадниците учесници и гледачи на најголемата спортска манифестација во градот. Во видеото, организаторите и официјално го најавија полумаратонот кој ќе одржи во склоп на Охрид трчаТ на 7 јуни следната година. Гледајте и уживајте во прекрасното видео на следниов линк, тука!

END.jpg

June 3, 2019

Се уште не се сумирани впечатоците и не се разменати искуствата на учесниците од третото издание на Атлетската манифестација Охрид трчаТ, а организаторите го најавуваат новото четврто кое по многу параметри ќе биде од историски карактер.

Охрид трчаТ со полумаратон кој се одржува 21 километар ќе ја збогати својата понуда и ќе направи голем чекор напред кон приклучување во атлетска елита. Четвртото издание ќе се одржи на 7 јуни, а дополнително ќе се објави програмата и концептот.

Третото издание без разлика на дождот помина фантастично. Предизвикот за организаторите беше уште поголем, а учесниците во суперлативи зборуваат за спортската манифестација.

winers.jpg

June 2, 2019

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски и српската атлетичарка Теодора Симовиќ победија на десет километарската трка која се одржа во склоп на Атлетската манифестација Охрид трчаТ.

Ивановски десеткилометарската делница ја помина за 31 минута и 55 секунди и стигна до втората победа на Охрид трчаТ. Ивановски победи во првото издание одржано 2017 година. Симовиќ која годинава дебитираше и победи десетте километри ги истрча за 37 минути и 56 секунди.
Трета година по ред втората позиција во машка конкуренција ја зазеде Милош Ранчиќ кој имаше време (34:17), додека третопласиран финишираше Муџахит Мислимоски со (34:41). Во женска конкуренција двократната шампионка Адријана Поп Арсова се закити со сребреното одличје со време (39:10), а бронзата и припадна на Бугарката Билсерин Сулејман (40:41).

Во рекреативната трка на 5 километри најбрзи беа Кристијан Стојани со време (18:33) односно Елена Даниловска со време (24:17). Во машка конкуренција на тим билдинг трките на 10 и 5 километри победници се Делта односно Ласовски Дентал, додека во женска конкуренција на 10 километри најбрзо беа членовите од Најк Ран клуб, а на пет првa финишираше екипата од Лица со ретки болести.

На Охрид трчаТ учеството го имаа пријавено 1 585 натпреварувачи. Настанот беше емитуван во живо, а на учесниците не им попречи ниту дождот кој само беше уште еден декор во ново фантастично издание на Охрид трчаТ.

Резултати

10км:
Машки
1. Дарио Ивановски (31:55)
2.Милош Ранчиќ (34:17)
3.Муџахит Мислимоски (34:41)

Женски
1.Теодора Симовиќ (37:56)
2.Адријана Поп Арсова (39:10)
3.Билсерин Сулејман (40:41)

5км:
Машки
1.Кристија Стојани (18:33)
2.Дејан Ангелоски (18:40)
3.Наум Танески (18:52)

Женски
1.Елена Даниловса (24:17)
2.Ангела Чингоска (24:33)
3.Весела Панчева (24:39)

PicToGo.jpg

June 2, 2019

Најновниот и најсовремениот спортски систем за споделување на фотографии Pic2go услугата и оваа година се дел од Атлетската манифестацијата Охрид трчаТ која се одржа на 2 јуни во Охрид.
Се што треба да направите за користење на бесплатната услуга е да се регистирате со стартниот број кој веќе го имате добиено на меиел на официјална страна од Охрид трчаТ и да дозволите сликите да се објавуваат на вашиот профил на Фејсбук.
Pic2Go апликацијата со работа ќе започне на 02.06.2019 (недела) во 14 часот кога ќе се комплетираат сите слики од неколкуте места на кои ќе има професионални фоторепортери.
Напомена, стартниот број и бар кодот мора да бидат поставени на видливо место на телото за да можат при изработка на фотографиите да се познаваат и класифицираат.

Desktop-1280x853.jpg

May 31, 2019

Со нов концепт и рекорден број на учесници по трет пат низ улиците во нашиот град ќе се одржи спортската манифестација Охрид трчаТ. Вкупно 1 585 учесници од 20 земји на трките на 5 и 10 километри и тим билдинг трките ќе се појават на стартот на 2 јуни кој ќе биде круна на богатиот спортски викенд кој не очекува. „Ohrid running weekend“, почнува денеска со Ноќната трка, а продолжува в сабота на 1 јуни со експото и панел дискусијата.

  • Третото издание на Охрид трчаТ е со нов концепт и поразличен од првите две изданија. Ова трето издание ќе се одвива целиот викенд. Започнуваме денеска со Ноќната трка која ќе се стартува кај фитнес зоната пред угостителскиот објект Амброзија, а ќе заврши пред Домот на културата Григор Прличев со настап на охридските изведувачи. В сабота на програмата е експото односно подигнувањето на пакетите кога учесниците ќе бидат запознаени со трката и правилата, а во текот на денот ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат директорите на трките од Дубровник, Мостар, Скопје и Бања Лука и специјалистот за спортски маркетинг од Белград Верољуб Змијанац. В недела е главниот настан. Почетокот на трката на 10 километри е во 9 часот, а трката на 5 километри ќе стартува 10 минути подоцна. После завршување на трките на 5 и 10 километри ќе има забава која ќе започне во 11 часот. Кога ќе се сумира се можеме да кажеме дека не очекува возбудлив и богат спортски викенд. – рече претседателот на Атлетскиот клуб Охрид трчаТ, Јоне Станкоски кој е организиратор на манифестацијата.

Тој и се заблагодари на Општина Охрид која во континуитет три години го поддржува и е еден од главните покровители на Атлетската манифестација Охрид трчаТ. Исто така им се заблагодари на Јавните претпријатија и државните инстуции и сограѓаните кои несебично го поддржуват настанот број еден во Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ќе ја предводи тим билдинг екипата од Општина Охрид. Тој го доби стартниот број со реден број седум и го пофали настанот кој сите со нетрпение го очекуваат.

Особено ме радува фактот што спортската манифестација „Охрид Трчат” за краток период прерасна во своевиден спортски бренд и го постави Охрид на мапата на врвни спортски настани, не само во нашата земја, туку и пошироко. Заложбите на организаторите и креативниот тим, кои стојат зад идејата и концептот на целокупната маратонска програма, ги препозна и несебично ги поддржа Општина Охрид како и бројни компании и фирми. Бројката од над 1500 пријавени учесници, кои викендов ќе трчаат на отворено по дефинираните тркачки траси низ Охрид, даваат јасен сигнал дека целта е постигната и дека третото издание на „Охрид Трчат” ќе биде еден вистински спортски спектакл. Убеден сум дека овогодинешното издание на охридскиот атлетскиот викенд ќе донесе исклучително спортско уживање за сите учесници и дека ќе биде вистинско спортско доживување за сите љубители на спортот, кои ќе бидат дел од публиката. Пораката за поголема афирмација и промоција на трчањето и здравите спортски навики, кои се главна цел на „Охрид Трчат” и оваа година ќе биде испратена. Се надевам дека оваа спортска манифестација ќе стане дел од една нова спортска традиција, по која Охрид ќе биде препознатлив на полето на спортот и дека истата ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам. – потенцираше Георгиески.

Директорот на трката, Иван Цветкоски истакна дека чест е но и одговорност е да се организира настан каков што е Охрид трчаТ. Годинава како и во претходните Охрид трчаТ расте, со предизвикот го прави уште поголем.
Чест но и голема одговорност ни преставува да го организираме Охрид трчаТ така како што сакаме и така како што имаме визија од самиот почеток. Наш предизвик беше да го вклучиме градот помеѓу познатите улични трки и можам да кажам дека сме на правиот пат. Нашиот проект е спортско-туристички од кој бенефит ќе има целиот град. Од обичниот граѓанин кој ќе се чуствува пријатно и исполнето до угостителските објекти и институциите. – рече Цветкоски.

Цветкоски дополни дека годинава не е срушен само рекордот за пријавени учесници, туки и за пријавени волонтери кои ќе бидат распределени на стартот и финишот и околу целата патека. Зголемен е бројот на медицински екипи, луѓе во организацијата и секако надлежните кои се задолжени за безбедноста и здравјето на учесниците.

Околу техничкиот дел на патеката зборуваше преставникот од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, Антонио Додевски кој побара разбирање од жителите во целиот град при запирањето на сообраќајот во пресрет на главниот настан.

Од самиот почеток на реализирање на оваа идеја основа ни беше да воведеме нови стандарди во организирање на вакви настани особено во техничкиот дел и безбедноста на учесниците. Вложуваме многу напори да направиме фантастичен настан, а за тоа ни е потребна помош од граѓаните на Охрид без кои едноставно не можеме. Изминатиов период апелираме на секаков начин да се тргнат автомобилите каде што поминува патеката и да се почитуваат молбите да не се движат со автомобили в недела со што многу ќе ни помогнат во организацијата. Убедени сме дека ќе успееме сите заедно нивото да го подигнеме уште едно скалило и за Охрид трчаТ да се зборува и прераскажува. – потенцираше Додевски.
В недела главниот настан ќе биде пренесуван во живо и ќе има отворено студио од кое ќе бидат дел минатогодишните победници, учесници на трката и преставници од организацијата.

NightRun.jpg

May 30, 2019

Ноќната трка која ќе се одржи во петок со почеток во 21 часот ќе означи почеток на третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ, која богата програма има на 1 и 2 јуни.

Стартот на Ноќната трка е во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот Македонија пред Домот на култура Григор Прличев. Трката е со рекреативен карактер и нема возрасни ограничувања и е отворена за сите кои сакат да трчаат, забавуваат и дружат.

Сите заинтересирани мора да дојдат половина час пред почетокот на трката и задолжително да понесат со себе позитивна енергија. После завршување на трката учесниците ќе уживаат во ладното пиво и „паста забава“ спонзорирана од Хотел Нова Ривиера и Бонанца која ќе биде зачинета со концерт во живо популарната група Броз, ди-џеј Ванчо Јованоски и Никола Тони Перкашн.

В сабота на 1 јуни пред Домот на култура Григор Прличев ќе се одвива експото и панел дискусијата на која ќе учествуваат директорите од полумаратоните во Дубровник, Мостар и Бања Лука. Главниот настан на кој ќе учествуваат рекорден број на натпреварувачи 1 585 ќе се одржи на 2 јуни.

RecordsRunners.jpg

May 30, 2019

Третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ ќе има рекорден број на учесници. Точно 1 585 натпреварувачи се пријавени на 5 и 10 километарските трки како и тим билдинг трките во двете делници.

Kомплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодарува на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат в недела на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.

Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде в сабота на 1 јуни од 9 до 20 часот на градскиот плоштад.