2019 October

Bring to the table win-win survival strategies to ensure proactive domination, a new normal that has evolved from generation.
Ohrid-trcat-vo-Ljubljana-1.jpg

October 30, 2019

Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ беше дел од најпрепознатливите европски маратони во Љубљана, на извонреден начин претставувајќи ја македонската атлетика и сопствениот бренд кој веќе сериозно се промовира и во регионални рамки.

Експедицијата на „Охрид трчаТ“ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар.

Круна на успешната презентација и настап на „Охрид трчаТ“ на Маратонот во Љубљана беше приемот во Амбасадата на нашата земја во Словенија. Експедицијата од „Охрид трчаТ“ разговараше со амбасадорката Сузана Зеленковска која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

Амбасадорката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспостатување на авионска линија Охрид – Љубљана и продлабочување на соработката.

За потсетување, „Охрид трчаТ“ од следната година ќе биде побогат со полумаратон (21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација број еден во Македонија.


ljubljana-maraton.jpeg

October 25, 2019

Атлетската манифестација „Охрид трчат“, во партнерство со ЕКИПА, ќе биде дел од престижниот маратон во словенечката престолнина Љубљана кој ќе се одржи на 26. и 27. октомври.

„Охрид трчаТ“ и ЕКИПА продолжувајќи ја меѓусебната соработка овој пат, заедно и со атлетската манифестација „Трчај бе“ од Битола, ќе бидат дел и од еден од најголемите атлетски маратони во Европа. Покрај со активната партиципација на натпреварувачи и со комплетно покривање, и на нашиот медиум, на сите случувања од маратонот во Љубљана

На експото на еден од најстарите маратони на Балканот, „Охрид трчаТ“, меѓу другото ќе ги презентира новитети за четврто издание кое ќе биде збогатено полумаратон на 21 километар. Со најавеното учество во Љубљана, екипата на Охрид трчаТ официјално ги стартува подготовките за настанот кој од година во година ги поместува границите во охридскиот и македонскиот спорт.

На маратонот во Љубљана кој прв пат се одржал 1996 година секоја година учесвуваат повеќе од 30.000 вљубеници во атлетиката, а од нив дури 1.500 се дел од најдолгата маратонска трка од 42 километри.


Ohrid-trcat-2020_vertical.png

October 21, 2019

Атлетската манифестација Охрид трчаТ одново ги помести границите во спортот во Охрид и нашата земја задржувајќи го нивото на професионалност и оригиналоност. Третото издание помина одлично а дождот беше декор на илјадниците учесници и гледачи на најголемата спортска манифестација во градот. Во видеото, организаторите и официјално го најавија полумаратонот кој ќе одржи во склоп на Охрид трчаТ на 7 јуни следната година. Гледајте и уживајте во прекрасното видео на следниов линк, тука!